Македонија ја очекува пекол во Талин: Распродадена сала, најсилен можен естонски состав….

Македонската кошаркарска репрезентација во последниот квалификациски прозорец за место на Евробаскетот 2025 ја очекува и дуел против последниот големиот ривал Естонија, натпревар кој ќе биде одигран во Талин на 21 февруари и за истиот билетите се веќе распродадени, а „црвено-жолтите“ за да ги задржат шансите за пласман на шампионатот мораат да издвојат победа.

Македонија во главниот град на Естонија нема да ја очекува само пеколна атмосфера, туку и тешка битка на теренот судејќи по последниот список на повикани играчи на естонската репрезентација, а и најавите дека се вршат напори за дел од тимот да бидат и најголемите ѕвезди како Хенри Дрел кој настапува во „Џи-лигата“ да биде дел од составот.

На списокот кој брои 24 кошаркари се наоѓаат и Кристијан Кулимае (Билбао, Шпанија), Артур Конончук (Олденбург, Германија) и Каспар Триер (Наполи, Италија). Натпреварот се очекува да го пропуштат Кер Криса и Хенри Весар кој се дел од универзитетските екипи во САД, како и повредените Март Росентал и Каспер Сурорг.

Се вчитува...