Македонија ја почнува мисијата „победнички крај во Лигата на Нации“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот фудбалски национален тим, денеска се собира за престојните два натпревари во Лигата на Нации против Летонија и против Фарски Острови на домашен терен во четврток, односно во недела во рамките од Лигата на Нациите.

Националите ја почнуваат оваа мисија како првопласирани, и само чудо треба да се случи да не завршиме на првата позиција, но избраниците на Благоја Милевски не смеат да се опуштат, затоа што е подобро да ја завршат групата со повеќе бодови, за баражот за пласман на идниот Мундијал.

Македонија досега одигра едно реми на гости со Фарски Острови, и оствари три победи: со Ерменија на домашен терен, со Летонија на гости и со Ерменија како гостин, без примен гол.

Се вчитува...