Ракометните кадети ја остварија потребната победа, и обезбедија задржување на елитниот статус, што значи дека и во иднина ќе се натпреваруваат со најдобрите репрезентации во Европа.
Надежите ја совладаа Италија со 23-19, и така успеаја да обезбедат опстанок во елитата.
Македонија на полувремето имаше два пати предност од три гола, но Италијанците се вратија, и на крајот на првиот дел беше нерешено 11-11.
Во вториот дел многу подобра игра на Македонија, овој пат стигнаа до предност од четири гола, и успеаја да ја задржат.
Најефикасен беше Дамјан Митев со шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА