Одбојкарската репрезентација на Македонија ја совлада Унгарија и го доби натпреварот за бронза на завршниот турнир во Сребрената лига. Избраниците на Ратко Павличевиќ во пет сета беа подобри и славеа со резултат од 2-3 (22-25, 25-18, 16-25 и 15-7).
По изедначениот старт на дуелот, „спартанците“ го презедоа главниот збор. Предноста се движеше до максимални три поени разлика, па ова го искористија и го добија првиот сет со 25-22.
Во продолжението Унгарија заигра многу подобро, во вториот сет тргна фуриозно и во еден момент поведе со седум поени. Македонија се обидуваше да се врати во игра, но не успешно. Домаќините на овој турнир не дозволија изненадување и го приведоа сетот кон успешен крај со 25-18.
„Црвено-жолтите“ брзо се рехабилитираа и во третиот сет за кратко време се одлепија и дојдоа до високо водство кое го здржаа до крајот и со 25-15 поведоа со 2-1.
Избраниците на Ратко Павличевиќ потфрлија во четвртиот сет. Унгарците уште на почетокот направија солидна предност, најпрвин со плус четири, разлика која Македонија успеа барем за момент да ја неутрализира и да се врати во игра. Сепак, домаќините повторно се издигнаа и почнаа да нижат поени за пет, а подоцна и седум плус, предност со која го освоија сетот и дојдоа до 2-2.
Победникот беше решен во тај-брејк. Македонија постојано имаше предност, а истата успеваше да ја негува и зголемува до крајот на овој двобој за конечна победа од 15-7.
Најдобар поентер на средбата беше нашиот капитен Никола Ѓорѓиев со 28 поени. За Македонија ова е втора бронза во Сребрената европска лига, по онаа во 2014 година, во првата сезона откако почнаа успесите на Ф4-турнирите. Покрај таа бронза, одбојкарите имаат уште четири сребрени медали, а еднаш завршија четврти, тоа беше во 2018 година.
The party just started but monster blocks are guaranteed in the Bronze-Medal Match of the Silver #EuroLeagueM 💥
📺 Watch LIVE the bronze-medal match 🇲🇰vs🇭🇺👉🏼 https://t.co/Ooy3L2BVpP@volleyballmkd @Hunvolley #CEV #Volleyball #EuropeanVolleyball pic.twitter.com/KzWWluJWYG
— European Volleyball (@CEVolleyball) June 19, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА