Македонската репрезентација за фудбалери до 19 години, сепак, во квалификациите за пласман на ЕП кои се играат во Скопје ќе биде без еден од најголемите европски млади таленти, членот на Борусија Дортмунд, Бејхан Ахметов.
18-годишниот Ахметов кој ова лето се пресели од Келн во Борусија Дортмунд, првично веќе беше договорен да се стави на располагање на селекторот Вујадин Станојковиќ за квалификацискиот турнир за ЕП. Но, откако се беше договорено во последен момент следи пресврт. Ахметов доби повик за настап во селекцијата до 20 години на Германија и се одлучува да го прифати.
Ахметов, кој поседува и македонски и германски пасош, по потекло е од Македонија но фудбалската своја школа ја почнува во Германија, во најмладите категории на Келн. Игра на позицијата офанзивен фудбалер за врска.
Репрезентацијата на Македонија до 19 години во моментов се подготвува за квалификацискиот турнир за пласман во УЕФА елитната група квалификации за пласман на ЕП кој го организираме во Скопје, а противници ќе ни бидат Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн. Избраниците на Вујадин Станојковиќ вчера го одиграа првиот од двата предвидени тест дуели со Романија славејќи убедливо со 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА