Фудбалската федерација на Македонија ја доби организацијата на елитните квалификации на групата 2, па Елиф Елмас и другарите ќе имаат одлична шанса пред својата публика да се борат за нов голем успех и пласман на Европското првенство во Финска.
Македонија ги доби за противници европскиот првак Англија, Унгарија и Летонија во групата 2 во оваа елитна рунда, а мечевите повторно ќе се играат на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот. Термините се 21, 24 и 27 март идната година.
Репрезентацијата до 19 години оствари максимални три победи во перетквалификациите, победувајќи ги селекциите на Белгија, Швајцарија и на Лихтенштајн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА