Македонија ќе добие 7,8 милиони евра за пласман на СП 2026!

Македонската фудбалска репрезентација, односно Фудбалската федерација на Македонија, ќе заработи 7,8 милиони евра со пласман на Светското првенство 2026 кое оваа година се одржува во САД, Канада и Мексико.

Македонија вечерва од 20:45 часот на „Паркен стадионот“ во Копенхаген го игра полуфиналето од плејофот за пласман на Мундијалот.

А, според одлуката на ФИФА, самиот пласман на СП 2026 за сите 48 учесници ќе донесе загарантирани 7,8 милиони евра. Пласман, пак, во елиминациската фаза од шампионатот носи дополнителни 4,1 милиони евра, или вкупно околу 12 милиони евра.

Според определената парична награда на ФИФА, победникот на шампионатот може да дојде до сума од 38,7 милиони евра.

Како што е познато, за да дојде до остварување на мундијалскиот сон, Македонија најпрво треба да ја победи Данска вечерва во Копенхан, а потоа да биде подобра и од победникот од втората полуфинална пресметка меѓу Чешка и Р. Ирска.

Се вчитува...