Македонија ќе има супер-поддршка од трибините, фановите се забавуваат пред „Ернст Хапел“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Виена,

Никола Ѓуровски

Без сомнение македонските репрезентативци ќе имаат одлична поддршка од трибините на „Ернст Хапел“ во Виена во квалификацискиот натпревар против Австрија кој почнува од 20:45 часот.

Околу 500 македонски фанови се очекува да бидат присутни на најголемиот австриски стадион. И пред самиот натпревар одлично е расположението меѓу македонските навивачи, како и она на Австријците кои подготвиле разновидни атрактивни фан-зони за своите поддржувачи пред почетокот на натпреварот. Во секој случај, факт е дека ќе биде интересно и на трибините на „Ернст Хапел“…

 

Се вчитува...