ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Ракометарите денеска отпатуваа за Вараждин, а покрај нив од Загреб се упатија и главните организатори на „фалангата“, кои успеаја во својата намера – наоѓајќи нова одлична локација за собиралиште на македонските навивачи и во градот домаќин на нашите натпревари во втората фаза од ЕП 2018.
Откако имаше фантастично собиралиште за своите фанови во „Роко“ во Загреб, Македонија ќе има сопствена фан-зона и во Вараждин, и тоа во центарот на градот. Точната адреса е „Капучински трг 10“, на одлична локација, но и со голем простор што ќе може да собере огромен број на Македонци на едно место.
Исто како и во Загреб, така и во Вараждин за забавата ќе се погрижат Амир и Ивица, а забавата в недела, пред дуелот со Шпанија, ќе стартува во 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА