ЕКИПА во Вадуц,
Горан Бошев
По вчерашното пристигнување во Бад Рагац, каде е базата на националниот тим пред стартот на квалификациите за СП 2026, мало гратче во Швајцарија, во непосредна близина на Вадуц, македонската репрезентација денеска од 15 часот ќе го одработат и официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар со Лихтенштајн.
Селекторот Благоја Милевски повторно се соочува со проблеми околу креирањето на составот по откажувањата, поради повреди, на Милан Ристовски, Стефан Ашковски и Лирим Ќамили, но јасно е дека секој поединец во тимот е максимално подготвен за успешен старт на квалификациите.
Според најавите, околу 1000 македонски фанови се очекува утре да ги бодрат македонските репрезентативци на „Рајнпарк“ во Вадуц. За македонските навивачи се издвоени вкупно 1.232 места по цена од 15 швајцарски франци, дополнително со уште 200 билети од прва категорија за македонските навивачи по цена од 35 швајцарски франци.
Натпреварот меѓу Лихтенштајн и Македонија утре се игра од 15 часот а ќе го суди Украинецот Микола Балакин. Ќе му помагаат Виктор Маташ и Олкександр Беркут.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА