Машката ракометна репрезентација на Македонија натпреварот против Турција во квалификациите за ЕП 2020 ќе го игра во Битола. Тоа е и официјално потврдено и салата „Младост“ во Битола е пријавена во ЕХФ како домаќин на овој натпревар.
Во изминативе години, македонските ракометни репрезентации официјалните натпревари ги играа во Скопје. Репрезентативниот ракомет се враќа во Битола по повеќе од една деценија, од последниот натпревар што го играа таму ракометарите против селекцијата на Унгарија во 2003 година.
Дуелот со Турција е прв од новиот квалифиакциски циклус и ќе закажан е за 25 октомври. Првото гостување на ракометарите во овие квалификации за ЕП 2020 ќе биде против Грција во Кожани на 28 октомври.
Покрај овие три репрезентации, во нашата квалифиакциска група е и селекцијата на Исланд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА