Македонија комплетна: Митревски и Пешевски се враќат за Португалија

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Македонија во својот најсилен состав ќе го дочека дуелот против Португалија (18 часот), за кој селекторот Кире Лазаров на располагање ќе ги има голманот Никола Митревски и пивотот Жарко Пешевски.

Двајцата искусни ракометари не се најдоа во тимот на отворањето со Данска, селекторот Лазаров обелодени дека станува збор за ситни повреди, но сега тоа е минато и Пешевски и Митревски ќе бидат огромен плус за клучниот дуел со Португалците вечерва во Хернинг.

Се очекува Митревски да биде стартен голман против ракометарите со кои голем дел има играно додека ги носеше дресовите на Бенфика и на Порто, додека придонесот на Пешевски во нападот исто така ќе биде од огромна важност во обид да се стигне до позитивен резултат.

Се вчитува...