ЕКИПА во Разград, Бугарија
Владимир Булатовиќ
Македонската фудбалска репрезентација со еден бод се враќа од гостувањето во Разград. Во дуелот против Бугарија, Македонија освои само бод играјќи 1:1, во меч во кој целосно доминираше, а на крајот можеше да биде лошо за македонскиот национален тим, со оглед дека беше досуден, а потоа оправдано поништен пенал за Бугарите.
И покрај водството на Бугарија, што воедно беше и единствениот удар кон голот на Димитриевски на крајот, Македонија успеа уште во првиот дел да дојде до ситуација да израмни, но не ги искористи шансите. Израмнувањето се случи во вториот дел кога Милан Ристовски успеа да го „матира“ Михајлов и да донесе израмнување.
Македонија го немаше кажано последниот збор, и се закани супер преку Алиоски, но среќата и Михајлов ги спасуваше Бугарите. Благоја Милевски се обиде со неколку измени, но не успеавме да дојдеме до втор гол, и со тоа можност да стартуваме со три бода во новата Лига на Нации.
Сега на ред е Гибралтар, каде без потценување, ги очекуваме првите три бода во групата Ц4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА