Раул Гонзалес за само неколку месеци ја препороди македонската ракометна репрезентација, обезбеди пласман на ЕП 2018, и тоа како првопласирана селекција во групата.
А Шпанецот, кој дефинитивно многу добро си ја знае работата, е убеден дека оваа македонска селекција може да игра уште подобро на претстојното ЕП, доколку тренира напорно. Во тој правец е и неговата одлука во оваа ЕХФ седмица нашата репрезентација да не игра натпревари, туку да се фокусира само на квалитетни тренинзи, за ракометарите да можат што подобро да ја разберат филозофијата на која инсистира актуелниот европски првак во клупска конкуренција.
Репрезентативците пристигнаа позитивно расположени и желни за работа, свесни дека им претстои седмица на воигрување и внесување на нови работи кога е во прашање националниот тим. Што би рекол еден поранешен селектор, се за доброто на македонскиот ракомет.
[new_royalslider id=”821″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА