ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Македонската репрезентација го заврши настапот на ЕП во Хрватска на 11.место, истиот пласман како што го имаше на претходното ЕП 2016 во Полска. Според правилникот на ЕХФ, финалниот ранкинг се споредуваат репрезентациите што се на исто место во двете групи од главната фаза.
По трите порази во Вараждин, Македонија е последна во групата 2 со 3 бода што ги пренесе од првата фаза. И има подобар учинок од Србија која е последна во групата 1 во Загреб без бодови и тие завршуваат на 12.место.
Зависно од конечната разврска на ЕП во Хрватска, ќе се знае и во кој барабан ќе биде Македонија во саботната ждрепка за баражот за СП 2019. Директен пласман на шампионатот имаат Франција како актуелен светски шампион, Германија и Данска како домаќини на СП 2019 и шампионот од ЕП 2018. Доколку титулата ја освои некоја од овие три репрезентации, тогаш на СП 2019 директно оди следната најдобропласирана репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА