Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од три позиции и сега се наоѓа на 165.место на ранкинг – листата на ФИФА. Веднаш зад нас се наоѓа селекцијата на Косово, која од пред една година доби можност да биде рангирана на оваа листа.
Од селекциите од нашата група за СП 2018, Шпанија е десеттопласирана, Италија е на 15.место, селекцијата на Албанија падна за четири позиции и сега е на 55.место, а Израел е на 60.позиција. Лихтенштајн, нашиот следен противник во квалификациите, се наоѓа на 178.место на листата на ФИФА.
Аргентина е на водечката позиција, второрангирана е селекцијата на Бразил, а на третото место се наоѓа Германија. Во првата „десетка“ се и Чиле, Белгија, Франција, Колумбија, Португалија, Уругвај и Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА