Најдобрата македонска репрезентација договори пријателски натпревар за слободниот ФИФА термин во септември, пред дуелот со Лихтенштајн во квалификациите за СП 2026.
Македонија на 4. септември закажа пријателски натпревар со селекцијата на Саудиска Арабија, дуел кој ќе биде одигран во Чешка, а дополнително ќе биде одредено точното место каде ќе се игра средбата со репрезентацијата од Блискиот Исток.
Со оглед на тоа што македонската репрезентација во квалификациите за СП 2026 е во група со пет селекции (Белгија, Казахстан, Велс и Лихтенштајн) во септемврискиот прозорец има еден слободен ФИФА термин на 4 септември, па тој Македонија ќе го искористи за пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија. Веднаш по него, на 7 септември, пак, избраниците на Благоја Милевски во Скопје во квалификацискиот циклус ќе ја пречекаат репрезентацијата на Лихтенштајн.
Македонија досега има два одиграни натпревари против Саудиска Арабија и е без триумф. На 1 август 2001 година одигра без победник (1-1), а на 22 октомври 2022 година на гостински терен со селекција од фудбалери исклучиво од домашното првенство загуби со 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

