Македонија на 65. место на ФИФА листата ја заврши 2023 година

Македонската репрезентација остана на 65. место и на последното рангирање на ФИФА листата за 2023 година.

На декемвриската листа, Македонија остана со 1362,17 поени, без промени на позицијата на ФИФА ранкингот. Последните натпревари оваа годинава за македонската селекција беа во ноември во квалификациите за ЕП 2024, против Италија и против Англија, па очекувано сега немаше никакви промени на листата.

На врвот на ФИФА ранг листата е актуелниот светски шампион Аргентина со 1855,2 поени, пред второпласираната Франција со 1845,44 поени, а на третата позиција е Англија со 1800,05 поени.

Македонија на 8. февруари во Париз, Франција, ја очекува жрепката за новата сезона од Лигата на нации на УЕФА (2024/2025). Новата сезона во УЕФА Лигата на нации треба да започне во септември 2024 година, а ќе заврши со доигрувањето, плеј-оф мечевите во март 2025 година.

Се вчитува...