Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа на 77. место на најновото издание на листата на ФИФА. Ова е пад за две позиции во однос на претходното рангирање во месец март. „Црвено-жолтите“ имаат вкупно 422 поени, откако во март двапати ремизираа на пријателските натпревари од мини – турнејата во Турција.
Македонија одигра 0-0 против Финска и 1-1 против Азербејџан на пријателските натпревари во Анталија, а тоа се отслика и со мал пад во ранкингот на листата на ФИФА.
На врвот, Германија останува на првата позиција, пред Бразил, а скок направи Белгија која сега е на третото место. Следуваат Португалија, Аргентина, Швајцарија, Франција, Шпанија, Чиле и Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА