Со синоќешните натпревари, заокружена е првата фаза на Европското првенство 2026 кое се игра во Данска, Шведска и во Норвешка.
Па, веќе и дефинитивно познати се Топ 12 селекции кои ќе разигруваат за највисок пласман, но познат е и пласманот од 12. до 24. место на собирот на најдобрите на Стариот континент.
По победата над Романија и пласманот на третото место во групата, согласно освоените бодови, Македонија на крај заврши на 14. место на Европското првенство. Од третопласираните репрезентации во групите единствено зад Фарските острови кои исто имаат три бода, но со нешто подобра гол-разлика се пред нас.
А, по Македонија во конечниот пласман на шампионатот завршија Австрија, Чешка, Италија, Холандија, Србија, Полска, Грузија, Украина, Романија и Црна Гора.
Факт е дека Македонија се најде во најсилната група на шампионатот заедно со едни од најголемите кандидати за првите четири позиции, Данска и Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

