Македонија на Мундијалите: Катар го помниме по добро, Египет веќе го заборавивме

ЕКИПА во Краков,

Стеван Цаневски, Владимир Булатовиќ, Роберт Спасовски (ФОТО)

Ракометната репрезентација на Македонија денеска со мечот против Норвешка ќе го стартува настапот на Светското првенство кое се игра во Полска и Шведска. За „црвено-жолтите“ ова е осмо учество на мундијалите, а веќе петто во низа.

Македонската репрезентација пред почеток е на своето осмо Светско првенство во историјата, второ кое ќе брои 32 репрезентации. Низ историјата Македонија била дел од седум Мундијали. Првото учество го имавме во далечната 1999 година, кога го остваривме и вториот најлош пласман, заземајќи го осумнаесеттото место. Пред две години исто така на египетско тло бевме 23. од 34. селекции.

По нашето деби второ учество на светските првенства беше десет години подоцна. Во Хрватска издвојувавме пет победи (рекорд), кои беа доволни за пласман на единаесеттата позиција. По отсуството во Шведска 2011 година, македонските репрезентативци врзаа пет учества во низа, вклучувајќи го и овогодишното.

Најдобар пласман имавме во Катар 2015 година кога завршивме како деветти, но разочарувањето останува бидејќи по групната фаза бевме втори, а учеството го завршивме веќе во првата нокаут елиминација.

Се вчитува...