Македонија на отворањата на ЕП: Нека бидат три победи во низа…

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Македонските ракометари утре во 18 часот ќе излезат на теренот на „Фоникс“ арена во Дебрецин не мегдан со Словенија, во обид да ја продолжат серијата добри игри на премиерните натпревари на европските шампионати. Имено, Македонија досега настапила на шест европски шампионати, а на првите натпревари од овие првенства „црвено-жолтите“ имаат две победи, и тоа од последните два континентални собири на кои учествувале.

Премиерата на европските првенства Македонија ја имаше на ЕП 1998 во Италија, каде на дебито на големите натпреварувања нашиот национален тим загуби со 29-20.

Единственото реми на отворањата го имавме пред точно 10 години, кога во Ниш се сретнавме со Шведска и по голема битка ремизиравме 26-26.

Во 2014 година во Хернинг во првото коло Македонија играше со домаќинот Данска, каде скандинавската селекција триумфираше со убедливи 29-21. На ЕП 2016 во Краков на стартот се сретнавме со големиот фаворит Франција, цели 50 минути достојно им париравме на „триколорите“, но падот на концентрацијата во финишот придонесе да се претрпи пораз од убедливи 30-23.

Првата победа на премиерните дуели на европските шампионати македонските ракометари ја забележаа на ЕП 2018 во Загреб, кога по голема битка ја совладаа Словенија предводена од Веселин Вујовиќ со 25-24.

Супердраматично беше и на последното Европско првенство и групата што ја игравме во Виена. За ривал ја имавме Украина, а до триумф стигнавме со голот што во последната секунда го постигна Кире Лазаров, кој и утре во Дебрецин ќе биде главен адут во атакот кон победата.

 

МАКЕДОНИЈА НА ПРВИТЕ СРЕДБИ ОД ЕП

ЕП 1998: Унгарија – Македонија       29-20

ЕП 2012: Македонија – Шведска       26-26

ЕП 2014: Македонија – Данска           21-29

ЕП 2016: Македонија – Франција       23-30

ЕП 2018: Македонија – Словенија      25-24

ЕП 2020: Македонија – Украина     26-25

Се вчитува...