Македонија на СП 2026 би играла во „луди термини“: Дијаспората од САД разочарана што ждрепката не однесе во Мексико и во Атланта!

Како што е познато по вчерашната ждрепка во Вашингтон за групите на СП 2026, доколку го мине мартовскиот бараж, поточно најпрво полуфиналето против Данска и потоа потенцијално финалето против Чешка или Република Ирска, Македонија ќе игра во Групата А на Мундијалот.

Како противници, би ни биле домаќинот Мексико, како и селекциите на Јужна Кореја и Јужноафриканската република.

Познато е во кои градови и би се играле натпреварите на нашата репрезентација. Светското првенство би го отвориле на 11 јуни со мечот против Јужна Кореја на стадионот Акрон во Запопан, Гвадалахара, Мексико.

Потоа би следел натпреварот против Јужноафриканскат република на 18 јуни на „Мерцедес Бенц стадионот“ во Атланта, САД, а потоа повторно се враќаме во Мексико, но во Мексико сити на 24 јуни на стадионот „Ацтека“.

И, факт е дека најразочарана е македонската дијаспора во САД и Канада која посакуваше група на северот од САД или во Канада каде би играла Македонија, и националниот тим би била максимално поддржан од бројната македонска заедница во САД. Иако е јасно дека повторно би имала поддршка и во Мексико во Атланта.

Што се однесува до термините за одигрување на натпреварите, пак, тука би била интересна ситуацијата. Ако стигнеме до Светското првенство, би ги следеле дуелите на нашата селекција и во раните утрински часови, односно термините би биле најверојатно од 23 часот, 01 часот или 03 часот по полноќ.

ФИФА ќе го одреди официјално тајминзите денеска, но јасно е дека домаќините ќе имаат ударни термини од 18 или 21 часот по локално време, што значи дека дуелот со Мексико би се играл во 01 часот или во 04 часот  наутро по македонско време.

Како и да е, ФИФА ќе има полни раце работа за да ги координира термините пред денешното официјално објавување. Домаќините сакаат натпревари во главните вечерни термини, но и најсилните селекции во светот, што на крајот би значело дека дерби натпреварите на Светското првенство би се играле по полноќ по македонско време.

Можни термини по средноевропско време се: 17, 18, 20, 21, 23, 01, 02, 03, 04, 04:45 и 05 часот, во зависност од групите.

Се вчитува...