Македонија на „тест“ со Мароко во Франција во март!?

Македонската репрезентација најверојатно ќе одигра пријателски натпревар против Мароко на крајот на март. Натпреварот би се одиграл после 1. коло во квалификациите за пласман на ЕП против Малта. Во 2. коло македонската репрезентација е слободна, па така би можело да се искористи за играње на „тест“ меч.

Мароко е едно од најпријатните изненадувања на Мундијалот во Катар, каде ја заврши групата како првопласирана пред Белгија и пред Хрватска, и во 1/8 финалето ќе игра против Шпанија.

Веста ја потврди и селекторот Благоја Милевски, кој кажа дека преговорите се во тек.

„Преговорите за пријателска со Мароко се во тек. Мечот би се играл во Франција доколку биде договорен“, истакна Милевски.

Доколку нема договор со Мароко, тогаш има комбинација да се одигра и домашен натпревар против Фарски Острови.

Се вчитува...