Македонија на „тест“ со Саудиска Арабија: Загревање за три бода против Лихтенштајн

Македонската репрезентација вчера пристигна во Прага, каде денеска од 17:00 часот на стадионот на Викторија Жижков ќе го одигр пријателскиот меч против Саудиска Арабија. „Тестот“ ќе биде како загревање пред дуелот со Лихтенштајн, каде што Македонија треба да го продолжи патот кон Мундијалот идната година во САД, Канада и Мексико.

Пријателски натпревар како добродојден за Македонија. Безмалку сите репрезентативци ова лето сменија клубови, па тоа е убава можност селекторот Благоја Милевски да види до каде е формата, и да го одбере најдоброто за потоа дуелот кој следува против аутсајдерот Лихтенштајн.

„Без разлика што е контролен натпревар, треба да го дадеме максиумот и да се обидеме да победиме пред мечот кој ни следува против Лихтенштајн. Играме со противник кој негува брз фудбал, со многу пасови, атрактивен, отворен што нам ни одговора и очекувам еден добар меч. Потоа ни следува можеби најважниот меч дома со Лихтенштајн, затоа овој меч да го искористиме добро да се подготвиме за тој дуел и секако посакуваме да ја продолжиме добрата серија во квалификациите“, рече Милан Ристовски.

Како што најави селекторот, на овој натпревар ќе се пробуваат некои нови тактички варијанти, кои ќе послужат за следните предизвици во квалификациите за пласман на идниот Мундијал.

Се вчитува...