Европската ракометна федерација ја објави ранг листата за европските купови за натпреварувачката 2020/2021 година, на која Македонија во машка конкуренција се наоѓа на одличната трета позиција. Освојувањето на двете титули во последните три години на Вардар се клучот за одличниот коефициент кој го има македонскиот клупски ракомет. Тука се и редовните настапи на Металург изминатите сезони во елитното натпреварување, како и вајлд картата која ја доби Еурофарм Работник за следната сезона, но и пласманот меѓу шеснаесетте најдобри минатата сезона во ЕХФ Купот. На првото место е Франција, втора е Германија, а во топ пет заедно со Македонија се и Унгарија и Шпанија.
Во женска конкуренција исто така имаме одличен коефициент и сме осма европска сила и покрај тоа што сезонава Македонија немаше претставник во Лигата на шампионите. Тоа значи дека во сезоната 2020/2021 шампионот на Македонија има право да се пријави за учество во елитното натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА