Кристијано Роналдо го постигна јубилејниот 900. гол во кариерата против Хрватска, а големиот ас ќе се обиде вечерва на домашен терен против Шкотска да продолжи да урива рекорди во светскиот фудбал.
Извонредниот голгетер досега има постигнато 131 гол во дресот на Португалија, бројка до која стигнал со погодоци против 47 различни репрезентации. Интересно, Шкотска не се наоѓа на листата селекции против кои Роналдо се запишал меѓу стрелците, што сигурно ќе биде само мотив повеќе за него да ја затресе мрежата на Шкотите на вечерашниот дуел.
Омилен „пациент“ на Кристијано е Луксембург против кого големиот ас има постигнато 11 погодоци, а по оваа селекција следат Шведска и Литванија, кои примиле по седум гола од Роналдо.
Интересно, на оваа листа не се наоѓа репрезентацијата на Македонија, против која големиот ас има одиграно две средби, но не успеал да се запише меѓу стрелците на овие натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

