Македонија од четвртиот шешир ќе ја чека ждрепката за ЕП 2026

По завршувањето на квалификациите за пласман на женското ЕП 2026 во недела, Европската ракометна федерација ја објави постапката за ждрепката на завршниот турнир, која ќе се одржи на 16 април во 18:00 часот по средноевропско време во Катовице, Полска.

24 репрезентации се квалификуваа за женското ЕХФ Евро 2026 (3-20 декември) и ќе бидат извлечени во шест групи од по четири екипи за прелиминарната рунда на првенството.

Трите медалистки на ЕП 2024 за жени – Норвешка, Данска и Унгарија – се сместени во првиот шешир. Петте домаќини на турнирот – Полска, Романија, Чешка, Словачка, Турција – се наоѓаат или во вториот или во третиот шешир.

Тимовите се распоредени врз основа на резултатите од квалификациите за 2026 година и конечниот пласман на женското ЕХФ Евро 2024.

Шешир 1: Норвешка, Данска, Унгарија, Франција, Шведска, Холандија;
Шешир 2: Германија, Црна Гора, Полска, Романија, Шпанија, Чешка;
Шешир 3: Турција, Словачка, Словенија, Швајцарија, Австрија, Фарски Острови; 
Шешир 4: Хрватска, Србија, Исланд, Македонија, Украина, Грција.

Се вчитува...