Македонија од денеска во Силкеборг: Вечерва и со првиот тренинг во Данска пред ЕП!

Македонската ракометна репрезентација, по вчерашното реми (29-29) со домаќинот Швајцарија на „Жолтиот куп“ во Винтертур, од денеска се сели во Данска каде ќе бидат реализирани завршните подготовки пред стартот на Европското првенство на 16 јануари.

Македонската експедиција денеска преку Цирих и Франкфурт ќе се пресели во својата подготвителна база во Силкеборг каде, според информациите од нашиот табор, се очекува да пристигне околу 16 часот.

Во Силкебор избраниците на Кире Лазаров ќе се подготвуваат до 13 јануари. За денеска е предвиден и еден тренинг од 19 часот.

Потоа, селекцијата од 13 јануари заминува за Хернинг каде на 16. јануари ќе го отвориме шампионатот со дуелот против домаќинот Данска. Потоа ни следат мечевите со Португалија и Романија.

Се вчитува...