Македонија од синоќа во Астана – Јани Атанасов порачува: „Три бода од Казахстан за се да биде комплет“

Македонската репрезентација од синоќа е во Астана каде утре од 16 часот ја очекува четвртиот квалификациски натпревар во битката за пласман на СП 2026 против селекцијата на Казахстан.

Веднаш по пристигнувањето во Астана, вниманието на домашните медиуми го привлече и фудбалерот на полска Краковија, Јани Атанасов кој најави атак на трите бода со кои Македонија би се издвоила и на врвот во квалификациската група.

„Ништо не е завршено во овој јунски собир ако не заокружиме со три бода од ова гостување. Знаеме дека не чека можеби најважниот натпревар во овие квалификации, и еден исклучително цврст, воопшто ненаивен, противник кој дома секогаш игра на триумф. Но, и ние дефинитивно одиме на победа“ – рече Атанасов.

Како што е познато во Казахстан не отпатуваа Исник Алими и Бојан Димоски кои и дефинитивно отпаднаа поради повреди. Сега, поради суспензијата на мечот со Белгијците, пак, на клупата ќе го намеме и селекторот Благоја Милевски.

Се вчитува...