Најдобрата македонска фудбалска репрезентација останува во лигата „Ц“ и ќе биде во третиот шешир заедно со Словачка, Северна Ирска и Кипар во пресрет ждрепката која ќе се одржи во Париз на 8 февруари 2024 година и која ќе ги утврди групите за следната Лига на Нации.
Шешири – Лига Ц:
Прв шешир: Романија, Шведска, Ерменија, Луксембург
Втор шешир: Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови
Трет шешир: Македонија, Словачка, Северна Ирска, Кипар
Четврт шешир: Белорусија, Литванија/Гибралтар, Естонија, Летонија
Првите натпревари треба да бидат одиграни на 5. и 8. септември, а потоа ќе следат натпревари и во октомври и новември со што ќе биде комплетирана групната фаза.
Првопласираната репрезентација ќе оди во повисок ранг, второпласираната ќе игра бараж за место во Лигата „Б“, третопласираната обезбедува опстанок во Лигата „Ц“, додека четвртопласираната се соочува со можно испаѓање во Лигата „Д“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА