Во очекување на најголемиот настан за македонскиот фудбал во историјата, првото учество на најдобрата национална репрезентација на Европско првенство, ЕКИПА издвојувајќи ги најзначајните фудбалери, личности и настани од нашата фудбалска историја, се до 11. јуни преку серијал-текстови како најава за тоа што ги очекува Горан Пандев и соиграчите на УЕФА Евро 2020!
Низ неколку текстови наредниот период, најпрво, ги издвојуваме сите македонски фудбалери кои биле дел од ТОП 5 најдобрите европски лиги. Во очекување на утрешниот натпревар со Германија во квалификациите за СП 2022, сите Македонци кои биле дел од Бундеслигата, денеска единствено оние кои своите настапи ги заокружиле во 20. век.
======================================================================================================================
Македонија во својата историја, почнувајќи од 1928 година, има вкупно 44 фудбалери кои ја почувствувале моќта на ТОП 5 најсилните лиги во светот (Италија, Англија, Шпанија, Франција и Германија). Од нив најголемиот дел, дури 19, биле дел од најсилната лига во Германија – Бундеслигата.
Најпрво ги издвојуваме сите македонски фудбалери кои ја почувствувале Бундеслигата единствено во 20. век, се до 2000 година. Првите Македонци кои биле дел од најсилната германска лига се вардаровите легенди Методија Спасовски и Ванчо Балевски. Спасовски настапуваше за Сарбрикен во една сезона, а Ванчо Балевски одигра одлична сезона за Карслруе и со два постигнати погодоци.
И македонскиот фудбалер на векот, Дарко Панчев, покрај настапите во Серија А, беше дел од Бундеслигата настапувајќи за Лајпциг и Фортуна Дизелдорф од 1993 до 1996 година, со четири запишани погодоци.
- Читајте и за:
СИТЕ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА КОИ ИГРАЛЕ ВО СЕРИЈА А
СИТЕ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА КОИ ИГРАЛЕ ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА
СИТЕ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА КОИ ИГРАЛЕ ВО ЛИГА 1 ВО ФРАНЦИЈА
СИТЕ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА КОИ ИГРАЛЕ ВО ШПАНСКАТА ПРИМЕРА
Во 20. век, еден од најславните Македонци кои биле дел од Бундеслигата е Митко Стојковски. Во врвот на кариерата Стојковски од шпански Овиедо реализираше извонреден трансфер во Штутгарт, кој во 1997 година ја имаше една од најславните генерации во историјата. И покрај тоа што Стојковски веднаш доби стандардно место во првиот тим на Штутгарт, заработи тешка повреда на репрезентативен собир која го остави само со 12 настапи за германскиот тим, а потоа водејќи го и кон преран крај на кариерата.
МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА КОИ ЈА ПОЧУВСТВУВАЛЕ БУНДЕСЛИГАТА (ПРВ ДЕЛ)
1. Методија Спасовски (1976-77) – (Сарбрикен)
Настапи: 9; Голови: /
2. Ванчо Балевски (1976-77) – (Карлсруе)
Настапи: 20; Голови: 2
3. Елвис Хајрадиновиќ (1991-92) – (Кајзерслаутерн)
Настапи: 1; Голови: /
4. Дарко Панчев (1993-96) – (Лајпциг, Фортуна Дизелдорф)
Настапи: 24; Голови: 4
5. Горан Марков (1995-96) – (Ханза Рошток)
Настап: 7; Настапи: /
6. Митко Стојковски (1997-99) – (Штутгарт)
Настапи: 12; Голови: /
7. Борислав Томовски (1997-98) – (Ханза Рошток)
Настапи: 1; Голови: /
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА