МАКЕДОНИЈА ОДБРОЈУВА ДО ЕП: Македонците во 21. век во Бундеслигата – Германците и тоа како ги паметат Ќириќ, Мицевски, Новески, Васоски, Митревски, Николов!

Во очекување на најголемиот настан за македонскиот фудбал во историјата, првото учество на најдобрата национална репрезентација на Европско првенство, ЕКИПА издвојувајќи ги најзначајните фудбалери, личности и настани од нашата фудбалска историја, се до 11. јуни преку серијал-текстови како најава за тоа што ги очекува Горан Пандев и соиграчите на УЕФА Евро 2020!

Низ неколку текстови наредниот период, најпрво, ги издвојуваме сите македонски фудбалери кои биле дел од ТОП 5 најдобрите европски лиги. Па, токму во очекување на денешниот натпревар со Германија во квалификациите за СП 2022, сите Македонци кои биле дел од Бундеслигата, денеска единствено оние кои своите настапи ги заокружиле во 20. век.

=====================================================================================================================================

Македонија во својата историја, почнувајќи од 1928 година, има вкупно 44 фудбалери кои ја почувствувале моќта на ТОП 5 најсилните лиги во светот (Италија, Англија, Шпанија, Франција и Германија). Од нив најголемиот дел, дури 19, биле дел од најсилната лига во Германија – Бундеслигата.

По вчерашното издвојување на сите македонски фудбалери кои ја почувствувале Бундеслигата единствено во 20. век, се до 2000 година, сега и оние кои оставиле трага и во 21. век. А македонскиот фудбал, и тоа како има да се пофали со свои интернационалци кои оставиле силна трага во германскиот фудбал.

Без сомнение, Николче Новески е најголемата македонска икона во германскиот фудбал. Битолчанецот од 1998 година до крајот на кариерата во 2015 година, цели 17 години беше препознатлив момент на германската фудбалска сцена, на крајот и како долгогодишен капитен на Мајнц во Бундеслигата. Новески со 256 одиграни натпревари во Бундеслигата е убедливо на врвот на листата на сите Македонци во историјата кои одиграле натпревари во ТОП 5 лигите од Европа.

Ако на некој врвен голгетер од Македонија на кого засекогаш ќе се сеќаваат Германците, тоа без сомнение е Саша Ќириќ кој на 64 натпревари за Анјтрахт Франкфурт и за Нирнберг во Бундеслигата постигна дури 26 гола. Ќириќ е и еден од најпопуларните странски фудбалери во Нирнберг, кои засекогаш добија посебно место во клубот.

  • Читајте и за:

СИТЕ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА КОИ ИГРАЛЕ ВО СЕРИЈА А

СИТЕ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА КОИ ИГРАЛЕ ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА

СИТЕ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА КОИ ИГРАЛЕ ВО ЛИГА 1 ВО ФРАНЦИЈА

СИТЕ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА КОИ ИГРАЛЕ ВО ШПАНСКАТА ПРИМЕРА

Во 21. век, покрај Новески и Ќириќ, дефинитивно силна трага во Бундеслигата остави и Ока Николов со 229 настапи за Ајнтрахт Франкфурт. Николов е икона на клубот со вкупно 379 настапи и рекорд од 49 натпревари без примен гол, но и Тони Мицевски во дресовите на Ханза Рошток и Енерџи Котбус, Александар Васоски за Анјтрахт Франкфурт како и Игор Митревски за Енерџи Котбус.

Од актуелните македонски репрезентативци, пак, единствен кој во моментов е дел од Бундеслигата е Дарко Чурлинов од Штутгарт. Чурлинов не беше во комбинација на селекторот Игор Ангеловски за мартовскиот собир и денешниот дуел со Германија во Дуисбург, издвојувајќи се како предводник на новата млада генерација која од септември ја очекуваат квалификациите за ЕП 2022.

МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА КОИ ЈА ПОЧУВСТВУВАЛЕ БУНДЕСЛИГАТА (ВТОР ДЕЛ)

1. Тони Мицевски (1995-98, 2000-01) – (Ханза, Енерџи Котбус) 

Настапи: 62; Голови: 5

2. Ока Николов (1995-96, 1998-01, 2003-11, 2012-13) – (Ајнтрахт Франкфурт) 

Настапи: 229; Натпревари без примен гол: 49

3. Јосеф Ивановиќ (1996-98, 1999-00, 2005-06) – (Арминија Билефилд, Дуисбург) 

Настапи: 21; Голови: /

4. Николче Новески (1998-99, 2004-07, 2009-15) – (Ханза Рошток, Мајнц) 

Настапи: 256; Голови: 8

5. Саша Ќириќ (1998-99, 2000-03) – (Ајнтрахт Франкфурт, Нирнберг) 

Настапи: 64; Голови: 26

6. Александар Васоски (2005-11) – (Ајнтрахт Франкфурт) 

Настапи: 83; Голови: 3

7. Игор Митриевски (2006-09) – (Енерџи Котбус) 

Настапи: 9; Голови: /

8. Ванчо Трајанов (2004-05) – (Арминија Билефелд) 

Настапи: 1; Голови: /

9. Бесарт Ибраими (2009-10) – (Шалке 04) 

Настапи: 2; Голови: /

10. Ферхан Хасани (2012-13) – (Волфсбург) 

Настапи: 4; Голови: /

11. Валмир Нафиу (2014-15) – (Хамбургер) 

Настапи: 1; Голови: /

12. Дарко Чурлинов (1976-77) – (Келн, Штутгарт) 

Настапи: 7; Голови: /

Се вчитува...