Во очекување на најголемиот настан за македонскиот фудбал во историјата, првото учество на најдобрата национална репрезентација на Европско првенство, ЕКИПА издвојувајќи ги најзначајните фудбалери, личности и настани од нашата фудбалска историја, се до 11. јуни преку серијал-текстови како најава за тоа што ги очекува Горан Пандев и соиграчите на УЕФА Евро 2020!
Низ неколку текстови наредниот период, најпрво, ги издвојуваме сите македонски фудбалери кои биле дел од ТОП 5 најдобрите европски лиги.
===============================================================================================================================
Македонија во својата историја, почнувајќи од 1928 година, има вкупно 44 фудбалери кои ја почувствувале моќта на ТОП 5 најсилните лиги во светот (Италија, Англија, Шпанија, Франција и Германија). Од нив седум во еден од најатрактивните светски шампионати – шпанската Ла Лига.
Првиот Македонец во најсилната шпанска лига е Благоја Китановски кој играше за Сабадељ во сезоната 1987/88 со повеќе од забележителен настап. Сето тоа отвори простор за дел од најдобрите фудбалери на златната вардарова генерација, па Драган Канатларовски и Илија Најдоски преку Црвена Звезда реализираа трансфери во Депортиво Ла Коруња и во Ваљадолид.
- Читајте и за:
СИТЕ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА КОИ ИГРАЛЕ ВО СЕРИЈА А
СИТЕ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА КОИ ИГРАЛЕ ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА
СИТЕ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА КОИ ИГРАЛЕ ВО ЛИГА 1 ВО ФРАНЦИЈА
Повеќе од забележителен во шпанската Примера беше и Митко Стојковски во периодот од 1995 до 1997 година запишувајќи 63 официјални натпревари за Реал Овиедо со еден постигнат погодок.
Од актуелниот репрезентативен состав дури тројца фудбалери имаа настапи во најсилната шпанска лига, иако Столе Димитриевски и Александар Трајковски со своите Рајо Ваљекано односно Мајорка во моментов се во Втората лига на Шпанија.
Енис Барди е без сомнениот најуспешниот македонски фудбалер кој играл во едно од најатрактивните светски првенства. Од 2017 година, Барди досега има извонреден ефект за Леванте со запишани и 20 погодоци.
СИТЕ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА КОИ ЈА ПОЧУВСТВУВАЛЕ ЛА ЛИГА
1. Благоја Китановски (1987-88) – (Сабадељ)
Настапи: 8; Голови: 1
2. Драган Канатларовски (1991/92) – (Депортиво Ла Коруња)
Настапи: 20; Голови: 4
3. Илија Најдоски (1993/94) – (Реал Ваљадолид)
Настапи: 18; Голови: /
4. Митко Стојковски (1995-1997) – (Реал Овиедо)
Настапи: 63; Голови: 1
5. Столе Димитриевски (2014-2016, 2018-2019) – (Гранада, Рајо Ваљекано)
Настапи: 22; Натпревари без примен гол: 3
6. Енис Барди (2017 -) – (Леванте)
Настапи: 109; Голови: 20
7. Александар Трајковски (2019/20) – (Мајорка)
Настапи: 14; Голови: 1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА