Македонија беше одличен домаќин на Европското младинско првенство во пинг-понг кое изминатиот период се одржа во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Полјаците очекувано доминираа на првенството, а од натпреварувачки аспект повеќе се очекуваше од Романците кои многу тесно загубија во женското финале во поединечна категорија и во парови машки.
Европската титула во машка конкуренција ја однесе Матеус Редзимски од Полска, додека во женска конкуренција златниот медал го освои Вероника Матиунина од Украина, која како квалификант е најголемото изненадување на првенството.

Во категоријата машки двојки победија Матеус Редзимски и Мациеј Кубик од Полска, а кај женските двојки триумфираа Елена Захариа и Меи Росу Бјанка од Романија.


Во категоријата мешани двојки, златниот медал го однесоа Хрватите Хана Араповиќ и Ивор Бан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

