Фудбалската репрезентација на Македонија останува на 64. место на најновата ранг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Во периодот кога немаше интернационални натпревари, па затоа нема и големи промени.
Македонија веќе во септември ја очекуваат последните два натпревари од групната фаза во Лигата на нации против Бугарија и Грузија. Бугарија во моментов е 74. светска сила, додека Грузијците се наоѓаат на 82. место.
На врвот останува Бразил пред Белгија и Аргентина, а во топ 10 уште се ноаѓаат и: Франција, Англија, Шпанија, Италија, Холандија, Португалија и Данска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА