Македонија останува 66. светска сила

Фудбалската репрезентација на Македонија останува на 66. место на најновата ранг-листа на Светската фудбалска федерација.

Поразот од Украина во квалификациите за ЕВРО 2024 и победата над Ерменија на пријателската во Струмица беа доволни за „црвено-жолтите“ да не доживеат никаква промена на рангирањето.

Од нашите противници во квалификациите Англија се уште е највисоко рангирана и се наоѓа на четвртото место. Италијанците се деветти, додека Украина е 22. светска сила. Најслабо рангирана е Малта која се наоѓа на 171. позиција.

На врвот нема промени. Аргентина е прва, пред Франција и Бразил.

Се вчитува...