Македонската репрезентативка Анамарија Георгиевска оствари огромен успех на Светското првенство во таеквондо за јуниори што се одржа во Тунис. Таа стигна до бронзен медал во категоријата до 59 килограми. Во борбата за финалето, Георгиевска беше поразена од претставничката на Кореја, но претходно забележа победи против ривали од Египет, Аргентина и од Иран.
Ова е нов голем успех на македонското таеквондо, но и за семејството Георгиевски. Нејзиниот брат Дејан Георгиевски освои златен медал на крајот од минатата година. Анамарија Георгиевска е сигурен учесник на младинските Олимписки Игри во Буенос Аирес во септември 2018 година, а заедно со нејзиниот брат ќе бидат и големи македонски адути за ЛОИ во Токио 2020.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА