Македонија отвора против Црна Гора на стартот на меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“

Македонската одбојкарска репрезентација од денеска до сабота ќе биде дел од 45. Меморијален одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ кој ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

За Македонија турнирот, на кој ќе учествуваат уште и Црна Гора, Израел и Словачка, ќе биде финална подготовка за Европското првенство кое стартува за две недели.

Македонската селекција денеска на првиот ден на турнирот од 20 часот ќе се соочи со Црна Гора, додека од 17 часот во првиот денешен меч ќе играат Словачка и Израел. Според програмата, Македонија утре од 20 часот ќе игра со Израел а во сабота со Словачка.

Турнирот е повеќе од добра можност за селекторот Душко Николиќ за финален тест на капацитетите пред настапот на најдобрите на Стариот континент.

Се вчитува...