Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од едно место на најновата ранг-листа на ФИФА објавена денеска, на која нашиот национален тим се наоѓа на 67. позиција.
Македонија беше 66. во светскиот фудбал минатиот месец, но нашиот национален состав беше прескокнат од селекцијата на БиХ, која има скок од шест позиции по огромниот успех и пласманот на Сп 2026.
ФИФА ранг-листата има и нов лидер, тоа е селекцијата на Франција која имаше скок од две места по последните победи над Бразил и над Колумбија.
„Триколорите“ сега се прворангирана светска репрезентација пред Шпанија и Аргентина, кој бележат пад од по едно место. Англија останува на четвртото место, а петторангирана сега е Португалија, која на најновото рангирање го прескокна Бразил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

