Македонската ракометна репрезентација на 13. место го завршува Светското кадетско првенство кое се одржува во Скопје. Во последниот натпревар тимот на Данило Брестовац ја совлада Аргентина со 29-26.
За разлика од натпреварот со кој го отворивме мундијалот и во кој загубивме од Аргентина, денеска македонските ракометари беа супериорни и не дозволија триумфот да биде доведен во прашање.
Резултатот континуирано го држеа под контрола, рано изградија опиплива предност, на полувремето имаа водство од седум гола (15-8), а до крајот на средбата успеваа да одржат дистанцата и да ја забележат третата победа на овој шампионат.
Кристијан Симоноски одигра одличен меч и постигна девет гола од исто толку обиди. Михајло Младеновиќ беше стрелец на шест погодоци.
Во натпреварот за 13. место стигна откако беше елиминирана во осминафиналето од Португалија. На мундијалот нашата репрезентација учествуваше како домаќин на првенството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА