Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија (КМФМ) со особена чест и задоволство ја информира јавноста дека оваа година, во рамките на планираните активности од годишниот календар за 2026 година, ќе биде домаќин и организатор на ВАКО Европското првенство во кикбокс за сениори, ветерани и параспортисти, кое ќе се одржи од 6 до 15 ноември 2026 година во Скопје, во Спортскиот центар „Јане Сандански“.
Станува збор за еден од најзначајните меѓународни кикбокс настани во Европа, кој ќе го претвори Скопје во центар на европскиот кикбокс и ќе ги собере најдобрите натпреварувачи од европските земји. На првенството се пријавени 1.025 натпреварувачи со вкупно 1.191 натпреварувачки влез од 41 европска држава, што претставува потврда за големиот интерес и значењето на овој спортски настан.
Особено значајно е што Македонија ќе има можност да биде домаќин на ваков голем европски спортски собир, со што дополнително се афирмираат нашата држава, македонскиот спорт и организациските капацитети на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија на меѓународната спортска сцена.

Македонската репрезентација ќе настапи со 33 натпреварувачи во вкупно 34 натпреварувачки влезови, кои ќе ја претставуваат државата во различни дисциплини и натпреварувачки категории.
Составот на македонската репрезентација го сочинуваат:
Стефан Михајловски, Климент Грозданоски, Силвио Мировски, Максим Митровски, Нелсон Узеир, Петре Велков, Лука Ќипровски, Халдун Ахмед, Анастас Ангелески, Митко Ашкилов, Леа Бошевска, Дарко Димитриев, Марија Димовска, Наум Додевски, Никола Ѓорѓиевски, Анастасија Јанческа, Полат Камберов, Иван Кукуновски, Стефан Мојсоски, Милан Нешевски, Дарко Нумановиќ, Марко Ристоски, Кристина Спиркоска, Аннабелла Стоцоваз, Филип Талевски, Крсте Трајковски, Андреј Ваневски, Викторија Варадинова, Мирко Василев, Радослав Велески, Васил Валмарски, Филип Велинов и Теа Велковска.

Репрезентацијата ќе биде предводена од претседателот и селектор на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко, заедно со тренерот: Драган Атанасовски и помошните тренери Александар Димовски, Жарко Михајловски, Шенол Асанов, Зоран Спасов и Жарко Ангеловски.
Свеченото отворање на Европското првенство ќе биде на 8 ноември 2026 година (недела), со почеток во 17 часот, во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје. Официјалната програма на првенството започнува на 6 ноември, додека свеченото отворање е закажано за 8 ноември. Натпреварувачкиот дел ќе се одвива од 9 до 14 ноември 2026 година, а целокупниот настан ќе заврши на 15 ноември.
Покрај спортскиот дел, во рамките на првенството ќе се реализираат и значајни активности од институционален, едукативен и стручен карактер. Предвидено е одржување на Генералното собрание на ВАКО Европа, на кое ќе присуствува претседателот на КМФМ и член на Бордот на директори на ВАКО Европа, г-дин Дејан Митровски.
Покрај генералното собрание ке се одржи и Балканското изборно собрание каде досегашен претседател е Дејан Митровски Урко.
Покрај собранијата ќе бидат организирани стручни семинари и едукативни активности наменети за судии и тренери, како и семинари посветени на антидопингот и заштитата и безбедноста на учесниците (Safeguarding).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
