Македонија подобра, но Ерменија води на полувреме во Битола (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година има негатива од 0-1 на домашен терен против Ерменија во квалификациите за пласман на ЕП.

Maкедонија уште во втората минута од мечот се закани преку Трајков, но гостите успеаја да се одбранат. Во следниот период и двете селекции успорија, па до десетата минута немаше нови шанси на стадионот во Битола.

Нашите надежи за нова шанса чекаа до 26. минута кога повторно Трајков од непосредна близина успеа да го промаши невозможното па на семафорот да останат почетните 0-0.

Гостите нашите промашувања ги казнија во 38. минута откако Хакобјан прецизно стрелаше за 0-1.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...