Резултатите во квалификациската група за пласман на СП 2026, повторно ја издвојуваат Македонија во фокусот на фудбалското внимание во медиумите и во регионот.
Речиси сите балкански медиуми со суперлативи пренесуваат за новото реми на Македонија со Белгија кое ја задржа на лидерската позиција во групата.
„Сензационален резултат на Македонците против моќната Белгија. Реми кое ги носи чекор плус кон Мундијал…“ – пишува српски „Курир“.
А, не помало е вниманието и на медумите во Хрватска, БиХ, Бугарија, Црна Гора…
„Македонците креираа сензација во Белгија. Останаа лидери и по ова коло“ – пишува хрватски „Спортске новости“.
„Резултатите на Македонија повеќе не се некое изненадување. Македонците и по вторпат во овие квалификации ја запреа силната Белгија. Што значи, резултатот од Скопје воопшто не е изненадување. Тие се лидери на табелата, што за многу во Европа е големо изненадување“ – пишува српски „Б-92“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

