Македонската фудбалска репрезентација на 29. мај ќе гостува во Сараево на пријателски натпревар против селекцијата на Босна и Херцеговина. Стадионот „Кошево“ се очекува да биде исполнет до последното место, со најавено присуство на околу 30.000 навивачи кои ќе приредат вистински спектакл.
За домашната селекција овој дуел е клучна проверка и можност за „ветер во грб“ од јавноста пред нивниот настап на Светското првенство. БиХ обезбеди виза за Мундијалот по драматичниот бараж во кој славеше над Италија во Зеница, откако претходно исто така на пенали го елиминираше Велс.
Македонија, пак, преку овој силен тест ќе бара враќање на победничките патеки по бараж-циклусот во кој претрпе пораз од Данска во Копенхаген и ремизираше со Р. Ирска во натпревар без резултатско значење.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

