Македонија пред полна сала ќе ја пречека Романија во Куманово

Селекторот и кошаркарите побараа поддршка, а нема сомнежи дека кумановци ќе ги исполнат овие барања. Како што информираат од КФСМ распродадене се сите карти за утрешниот меч на Македонија против Репрезентацијата на Романија.

Македонија на овој меч ќе биде поддржана од околу 5.000 навивачи колку што е капацитетот на реновираната сала во Куманово, потврдуваат од КФСМ.

Македонската кошаркарска репрезентација во Куманово се враќа во 26 години, а покрај Романија наш противник во квалификациите ќе биде и репрезентацијата на Унгарија.

 

Се вчитува...