Македонија припаѓа во посериозно друштво (фотогалерија)

Македонија продолжува да доминира во својата група од претквалификациите за Евробаскет 2029 откако нашите најдобри кошаркари вечерва славеа над Луксембург за „три од три“ од почетокот на овој циклус.

Уште еднаш се виде на дело, Македонија е преквалитетна за ова ниво на кошарка, рутински стигнавме до триумф, но исто така и покажавме осцилации кои ќе мора да ги сведеме на минимум ако сакаме позитивни резултати кога ќе биде најважно, во главните квалификации за ЕП.

Припаѓамме на посериозно друштво на европската кошаркарска мапа, ноиот селектор очигледно има сопствена филозофија што дополнително ќе настојува да ја наметне, бидејќи и на нему и на сите останати им е јасно – селекции како Азербејџан или Луксембург можеме да добиваме без многу мака, но за да се оствари сонот наречен Евробаскет 2029 ќе мора да се засукаат ракавите и напорно да се работи, најмногу од сите самите кошаркари.

Се вчитува...