Македонија против Австрија стартува со ‘сонот – ЕВРО 2020’: Романците со цело срце за нас!

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)

Македонската репрезентација денеска од 18 часот против Австрија на националната арена во Букурешт за првпат во својата историја за првпат ќе го почувствува ЕВРО 2020. Пласманот на Европското првенство донесе вистинска спортска еуфорија во Македонија. Пандев, Елмас, Барди, Адеми, Ристовски, Алиоски, Николов… веќе се на ранг на национални херои затоа што успеаја да ја издвојат Македонија како единствена земја од Југоисточна Европа која ќе биде на Европското првенство.

Сосема е јасно дека, во ситуација кога самиот пласман на ЕУРО 2020 е огромен успех за репрезентативниот фудбал, некако резултатскиот императив останува во втор план. Но, македонскиот селектор Игор Ангеловски не сака Македонија да игра само епизодна улога на европскиот шампионат.

„Не се задоволуваме само со учество на првенството. Нашата желба е да обезбедиме пласман во втората елиминациска рунда. Силно верувам во оваа група момци која знам дека е подготвена уште многу да ја изненадува Европа“ – вели Ангеловски.

А поткрепа на оптимистичките размислувања е одличната форма во која Македонија ја заврши Д-лигата од УЕФА Лигата на нации. По доминацијата во групната фаза, со две победи, против Косово (2-1) во полуфиналето во Скопје и против Грузија (0-1) во Тбилиси во финалето од Д-лигата беше заокружен патот на ЕУРО 2020. Дека македонските фудбалери сакаат на Европа да и покажат дека се заслужено на собирот на најдобрите потврда е и извонредниот мартовски триумф против Германија (1-2) во Дуисбург во квалификациите за СП 2022 во Катар. Како најава за едно убаво европско лето.

Селекторот Ангеловски, ако тактички се погледне, и на ЕУРО 2020 нема да се откаже од својата резултатски ефективна формација 3-5-2 со засилен среден ред, затоа што токму силата на средниот ред е новиот квалитет на националниот тим по кој се трагаше долги години. Стефан Ристовски од Динамо Загреб, по десната страна, заедно со Николов од италијански Лече, Барди од шпански Леванте и Адеми од Динамо Загреб, како и Алиоски од англиски Лидс на левата страна, се во суштина клучот на успехот на македонскиот тим последните години. Се разбира, заедно со незаменливата „италијанска двојка“ во офанзивата Горан Пандев и Елиф Елмас, на која сега поради повреда ќе и недостасува Илија Несторовски од Удинезе. Резервна тактичка варијанта за Ангеловски, која исто така ја практикува, е 4-2-3-1, со истиот избор на фудбалери со тоа што Пандев би бил осамен во нападот.

Македонија во Групата Ц на ЕУРО 2020 е заедно со репрезентациите на Австрија, Украина и Холандија. Шанса за пласман во осминафиналето ќе се бара на двата натпревари против Австрија и Украина кои се играат на националната арена во Букурешт, Романија.

„Верувам дека на наша страна ќе ги имаме сите искрени љубители на фудбалот од Романија. Знам дека Романците ја сакаат Македонија и со нивна поддршка од трибините можеме да ги изненадиме Австрија и Украина, а потоа со нов мотив на мегдан и против Холандија во Амстердам“ – вели Бобан Николов, кој својот фудбалски раст го имаше токму во Романија, во Академијата на легендарниот Георге Хаџи.

СЕЛЕКТОРОТ ИГОР АНГЕЛОВСКИ 

Во 2013 година ФК Работнички неочекувано остана без тренер. Па, сопственикот се одлучи тренерската функција да му ја довери на Игор Ангеловски кој во тој момент ја извршуваше функцијата спортски директор во клубот. И изненадувајќи многумина во македонскиот фудбал, Ангеловски успеа да ја освои двојната круна во Македонија. Тоа не остана незабележано од тогашниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, кој веднаш го повика во А-репрезентацијата, најпрво како асистент на Србинот Љубинко Друловиќ, а многу набрзо и преземајќи ја селекторската функција. На првиот работен ден како македонски селектор замина во Џенова да го убедува Горан Пандев да се врати во репрезентацијата. И успеа во тоа. А, потоа се е историја. Успевајќи Македонија, преку Лигата на нации, да ја донесе до ЕВРО 2020.

 

 

ВЕРОЈАТЕН СОСТАВ (3-5-2): Димитриевски – Бејтулаи (K. Ристевски), Муслиу, Велковски – С. Ристовски, Николов, Барди, Адеми, Алиоски – Пандев и Елмас.

Се вчитува...