Дејвис Куп репрезентацијата на Македонија ќе игра во Групата Б на натпреварите во Третата европска група кои од утре па до 14. септември се одржуваат во Атина, Грција.
Македонската репрезентација е во состав Горазд Србљак, Димитар Грабул, Лука Љубен Андонов, Берк Бугариќ, а предводена од капитенот Чедомир Јовановски и асистентот Владимир Томиќ.
На денешното извлекување на групите Македонија е во Групата Б каде носител е Естонија, а заедно со Црна Гора и Летонија.
Утре првиот натпревар го играме против репрезентацијата на Естонија, која е прв носител во нашата група. Секој ден натпреварите стартуваат од 10 часот по македонско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА