Женската кошаркарска репрезентација на Македонија денеска од 19 часот во СРЦ „Кале“ силите ќе си ги одмери со Германија во последниот натпревар од ноемврискиот „прозорец“ на ФИБА во квалифкациите за Евробаскетот 2023.
Во него избраничките на Александар Ашаданов ќе целат на првата победа, но нема да имаат нималку лесна работа против незгодниот противник кој во Скопје ќе бара влез во победничка серија со која ќе остане во игра за првата позиција на табелата.
Во првиот одигран меѓусебен натпревар Македонија беше подобриот противник во првото полувреме по кое имаше и водство од четири поени, но немаше сили за сензација во вториот дел. Овој пат домашната публика може да биде потребниот фактор за изненадување, а за тоа кошаркарската федерација ги отвори вратите на салата на скопската тврдина.
„Нè чека уште еден тежок натпревар. Добро сме запознати со квалитетите на селекцијата на Германија и нивните играчи поединечно. Но мислам дека стилот на нивната игра повеќе ќе ни ‘легне’ во однос мечот со Белгија пред некоја вечер на гостински терен. И затоа се надевам дека ќе се покажеме во подобро светло на вечерашниот натпревар. Доволно сме мотивирани и сакаме, колку што можеме, да го подобриме впечатокот на нашата репрезентација по катастрофалниот пораз против Белгија. Ние ќе дадеме се од себе, а јас сакам да ја повикам јавноста да дојде веерва на натпреварот во Ксле. Да ни даде поддршка и да ни помогне, и ако не направиме изненадување, она резултатско, односно да победиме, ако ништо другп да покажеме една добра игра која ќе ги задоволи нивните барања“, изјави Јелена Антиќ, најдобрата македонска кошаркарка во оваа репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА